PROTEST

Манифестација за подршка на Македонија
26ти февруари 2017 – 12 часот
Place de Nations – 1202 Genève - Suisse
„ Моето ДА во зачувувањето на унитарна Македонија„
Со денешново присуство на овој простор пред Обединетите Нации и пред очите на цела јавност, Македонците кои престојуваат или живеат во Европа порачуваат:
Ние Македонците поединечно или репрезентирани од Македонски друштва,здруженија, асоцијации, спортски клубови, или други организации, јавно сакаме да ја запознаеме јавноста за нашиот заеднички став во врска со актуелните збиднувања во Република Македонија.
Македонските иселеници, како нераскинлив дел од Република Македонија, внимателно ги следат состојбите во Татковината еве повеќе од две години.
Гледај ќи ја ситуацијата како се влошуваше од ден на ден, донесена е во прашање и унитарноста на Република Македонија, нашиот државен Македонски јазик како и државното кирилско писмо.
Како Државјани на Република Македонија нам тоа не засега и сметаме дека сме должни спрема уставот и законите на нашата Република да одговориме достоинствено како народ кој е де факто мнозинство во земјава, и како такви, демократски треба да ја одбраниме државата од овие очигледни уништувачки напади, како внатрешни така и надворешни.
Република Македонија е држава на Македонскиот Народ и тој е носител на државноста. Во неа сите се еднакви пред уставот и законите, независно од етничкото потекло, верско убедување и политичка припадност и ние, Македонската дијаспора, сме за тоа така да си остане.
Сакаме да дадеме дознание дека Нашето Име Република Македонија, нашиот Јазик Македонски со Кирилско писмо, грбот и химната се главните столбови на нашата држава и се неотуѓлив дел од неа. Остро се спротиставуваме на секоја владина коалиција што нема да ги почитува овие вредности.
СЕ Македонско помирување и сплотување на сите прогресивни сили, надпартиски определби, кои ја чувствуват државата како своја со сите нејзини државни атрибути, затоа што единствени и сплотени сме најаки и најмоќни во одбраната на наша Македонија.Единствени против разнебитнувањето на македонската држава.
Да Живее вечна и горда Македонија !
Организатори : Македонска Диаспора- Лозана, Александар Македонски - Ивердон, Рефрама – Женева Informacii na www.makedonskadiaspora.net

Манифестација за подршка на Македонија
26ти февруари 2017 – 12 часот
Place de Nations – 1202 Genève - Suisse
„ Моето „ДА„ за унитарна
Република Македонија„
 Заштита на уставното име Република Македонија
 Заштита на актуелниот Устав и законите во Република Македонија
 Одбрана на унитарноста на Република Македонија
 Заштита на правата на сите малцинства во Република Македонија
 Зачувување на државниот јазик „Македонски„ со кирилско писмо
 Заштита на грбот на Република Македонија
 Заштита на химната на Република Македонија
СЕ Македонско помирување на сите прогресивни сили, надпартиски определби, кои ја чувствуват државата како своја со сите нејзини државни атрибути.
Сплотени во одбраната на наша Македонија !
Единствени против разнебитнувањето на Македонската Држава.
Организатори : Македонска Диаспора- Лозана, Александар Македонски - Ивердон, Рефрама – Женева Informacii na www.makedonskadiaspora.net