top of page

Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово.
Ако ве праша по што е Македонија на пример единствена во светот знаете ли да кажете? Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу, а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а да дадеме патоказ како да стасаат до нив? Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае.

1. Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости. Примероци од оваа руда може да се видат во историскиот музеј на плоштадот Riponne во Лозана - Швајцарија.

2. Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

3. Најскапата колекција монети која е продадена е од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кои биле украдени од Македонија, а продадени на аукција во големата “Сотби” аукциска куќа.

4. Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со14 морфиски единици. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а колумбискиот со околу 3, 5.

5. Најславниот од сите римски патишта во најголемиот дел врви низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”.

6. Пештерата Пешна во Македонски Брод во “Њујорк тајмс” е опишана како идентична на измислените пештери во филмот “Господарот на прстените”.

7. Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

8, Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот “Гркот Зорба” живеел во Скопје имал жена и деца, а во 1942 починал тука.

Освен Мајка Тереза познати лица родени во Македонија е и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

 Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан на кирилица во селото Равен Охридско, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.

Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски во 9 век.

Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напишал песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објавил во весникот “Нова Македонија” и денес истата е химна на Арапскиот свет.

Во манастирот “Св. Ѓорѓија Победоносец” во село Рајчица се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки во 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.

Прва зоолошка градина на Балканот е во Скопје.

 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние малку фалеше да ги потопиме со вештачко езеро.

Еден од преживеаните од бродот Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора.

Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа – Охридското езеро е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

 Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија – Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I.

Првата црква, првата покрстена во Европа – Македонката Лидија. 
50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – ” пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! 
Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.

Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот. Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

Црвени Стени (грч. Σπήλαιο Πετραλώνων = „Петралонска Пештера“) — пештера на полуостровот Халкидик кај с.Камени Гумна или Теклели (Петралона), 35 км југоисточно од СолунЕгејска Македонија каде се откриени најастарите човечки останки во светот. Се работи за човечки череп четвртиот леден период кој според карактеристиките потекнува од времето меѓу хомо еректус и хомо сапиенс, со старост меѓу 500.000 до 100.000 години. Овој пронајдок на човек од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, чија старост  се проценува на 30.000–100.000 години.

Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажале дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок.

Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 години. Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

 Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

Под геоглифот во Свети Николе, веројатно, се крие древно светилиште. Тоа го покажаа првичните резултати од експертизата на овој дел од Овче Поле, што го вршеа научници од светски глас во соработка со македонски стручњаци.

Според хрватскиот истражувач Николиќ, кој, всушност, го афирмираше овој феномен, археоакустичните и електромагнетни испитувања на теренот покажуваат дека постои некаква електромагнетска аномалија, која упатува на тоа дека е можно да се работи за свето место, храм, а можеби и гробница.

Дали знаете кој е првиот македонски олимпиец? Тоа е Кузман Сотировски- фудбалски репрезентативец, кој настапил на Олимписките игри во Амстердам на 29 мај, 1928 година во дресот на Југославија Играле против Португалија

Македонската традиционална музика е препознатлива во светот по три музички инструменти. Тие се гајдата, кавалот и тапанот. Најголем промотор на македонска традиционална музика во светот е Драган Даутовски, роден во 1957 година во селото Русиново кај Берово.

Даутовски е единствениот музичар во светот кој свири на античка бакарна флејта стара 6000 години, наречена Окарина. Потекнува од неолитскиот период а е пронајдена во близина на Велес.

Затоа велат дека неговата музика звучи 6000 години стара, за чие изведување е потребна голема концентрација и духовна подготовка.

Димитар Илиевски-Мурато од Битола е првиот македонски алпинист кој се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест .

Кога стигнал на врвот, Димитар со гордост го закачил и развеал македонското знаме. За жал трагично го загуби животот враќајќи се назад.

Во спомен на неговиот подвиг и херојство, е изграден споменик на Пелистер, и во знак на сеќавање секоја година се одржува традиционален планинарски марш. На тој ден се слави неговиот подвиг но и неговата трагедија.

Според легендата се смета дека Крали Марко од Прилеп- Варош, имал три сестри Дева, Кита и Ѕвезда. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења .

Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб.

Кита, живеела во Кичево. Кичево го носи името по Кита. Најмалата сестра Ѕвезда, живеела во Гостивар.Дева и Кита никогаш не се омажиле.

Дури и каменот Розета ја кажува вистината за Македонија. Пронајден е од еден француски војник, во 1799 година, кој работел на ископување на објекти за потребите на војската на Наполеон Бонапарта. Копајќи, тој заприметил црн камен од мермер. На каменот заприметил три видови на ракописи.

Тие ракописи подоцна биле дешифрирани од научниците и археолозите и пронашле дека се работи за три различни јазици. Во првиот ред пишувало на античко-египетски, во третиот ред писмото било античко-грчко а во средината пишувало на Античко – Македонски.

Науката потврдува дека текстот во средината е оригинал античко-Mакедонски на кој пишувале во времето на Александар Македонски.. Имало 160 зборови кои го задржале значењето во некои дејалекти од современиот Македонски јазик.

Името го доби по местото каде што е ископан Розета, Египет, и претставува скапоцено откритие за постоењето на Античкиот Македонски јазик и за тоа дека е посебен и различен од Грчкиот. Каменот наречен Розета, е пренесен во Британскиот Музеј во Лондон каде што е изложен и ден денес и претставува еден од најпознатите експонати на Британскиот Музеј во Лондон.

На 30 Септември, 2002 година, е пронајдено сензационално откритие во Самуиловата тврдина. Тоа било Златна маска која се смета дека датира од петтиот век пред Христа.

Се предпоставува дека Врело е длабока 330 метри, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот. Во моментов, првото место го држи пештера - Бушмановата Дупка во Јужна Африка, која е длабока 282 метри, што е светски и Гинисов рекорд. Меѓународната експедиција неодамна
 стигнаа до 190 метри во пештерата Врело во кањонот Матка. -И на таа длабочина неможев да го видам дното, изјави италијанцкиот професионален спелеонуркач Луиџи Касати.

bottom of page